РСБСП: Минатата година во Македонија 35 пешаци го загубиле животот

Од:

Во Република Македонија во 2016 година, 35 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, додека 871 лице–пешак биле повредени во сообраќајни незгоди. Од загинатите пешаци, едно лице е на возраст до 14 години, три лица на возраст од 25-40 години, 14 лица на возраст од 41-64 години и 17 лица на возраст над 65 години, покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата.

Според податоците на РСБСП, пешаците страдаат во сообраќајни незгоди поради тоа што кај нив отсуствува чувството на свесност дека и тие се учесници во сообраќајот и дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи како и за сите други учесници во сообраќајот. Понатаму лошите навики и ниската сообраќајна култура е важен фактор од кој зависи безбедноста на пешаците во сообраќајот, но важно е и тоа дека пешаците најмалку ги познаваат сообраќајните правила и прописи, најмалку се контолирани и најмалку се санкционирани како учесници во сообраќајот.

Од РСБСП потсетуваат на најважните правила и прописи кои возачите треба секогаш да ги практикуваат, односно дека возачот е должен да обрне посебно внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот, кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин, возачот е должен секогаш да ги препушти пешаците кои стапнале на пешачкиот премин…

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он