РСБСП: Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима

Од:

Сообраќајните незгоди и трагедиите што секојдневно, во голем број, се случуваат на патиштата ширум земјава, како да не се доволни за да се разбуди свеста и одговорноста кај сите возачи, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и додаваат дека жал, и покрај тоа што временските услови од ден на ден сѐ повеќе се влошуваат, што е нормално и очекувано за овој период од годината, сепак, голем број возачи не ја почитуваат законската обврска за носење и за користење зимска опрема.

Влажни и замрзнати коловози, поледица, голомразица, остатоци од кашест снег на коловозот, ниски температури, обилни и помалку обилни врнежи од снег е реалноста во зима, а временски услови и состојба на патиштата е сосема нормална и очекувана, велат од Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и додаваат дека обврска на секој возач е да го подготви возилото и да се подготви за безбедно учество во сообраќајот.

„’Тешка сообраќајна незгода. Возило излетало од патот поради поголема брзина и лизгав коловоз’, ‘Заглавени возила на патот. Голем дел од возачите не користеле зимска опрема’, ‘Голем број изречени казни за неносење зимска опрема’ – се најчестите вести во делот на сообраќајна хроника што секојднево се објавуваат на електронските и на печатените медиуми во зимскиот период од годината. Но, наместо да се извлече поука и да се преземат конкретни дејствија, голем број возачи поминуваат покрај оваа вест како нешто сосема нормално. Ништо ново и ништо страшно, што би рекле самите тие. И покрај тоа, голем број возачи, наместо да ја исполнат својата законска обврска за носење и за користење зимска опрема, избираат да го решат проблемот со изговори“, се наведува во соопштенеито на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Па оттука РСБСП преку своето соопштение упати препорака до сите возачи: „Без изговори и без оправдувања. Крајно време е да се направи зимска подготовка на возилото. Користи зимска опрема и учествувај безбедно во сообраќајот. Изговорите не ги решаваат проблемите и не ги отстрануват опасностите“.

Оттаму додаваат дека треба секој да ја исполни својата законска обврска пред да биде доцна и да се избегнат катастрофални последици.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

„Не користи мобилен телефон додека возиш“: Кампања на РСБСП

A1on

На Попова Шапка измерени – 15 степени, во Крушево и во Берово -12

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

Коперникус: Многу е веројатно дека зимата ќе биде потопла од вообичаено

Возачите да бидат внимателни во близина на воспитно-образовните установи, апелира советот за безбедност во сообраќајот