Рот: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални барања

Од:

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот кој претседава со денешниот Совет за општи работи на ЕУ во Брисел, најави дека и покрај бугарското вето ќе ја стави точката за проширување на дневен ред.

– Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на годинава одлучивме да ги започнеме преговорите со двете земји. Основен интерес на ЕУ е во најбрз можен рок да започнат преговорите со Меѓувладина конференција, порача утрово Рот пред почетокот на виртуелниот состанок на министрите.

Тој изрази надеж дека сите земји членки ќе се согласат со оваа цел и ќе бидат подготвени прагматично и солидарно да работат за нејзино остварување.

– Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални барања на одредени земји членки, порача германскиот министер, алудирајќи на бугарската блокада на процесот.

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера потврди дека не очекува добри вести од денешниот состанок на ЕУ-министрите. Заев, како и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, се надева дека може да се најде компромис во наредниот период, па зеленото светло за почеток на преговорите да се добие во декември.

Бугарската влада од претходно најави дека нема намера да дозволи почеток на преговорите. Тоа утрово пред состанокот уште еднаш го потврди и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини