Рот: Германија дава зелено светло за Македонија

Од:

Министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи Михаил Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот вели дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.

Нагласи дека стабилноста, мирот и демократијата на Западен Балкан е клучна за сите во ЕУ.

– Затоа високо ги цениме напорите што ги преземаат и Македонија и Албанија за зајакнување на владеењето на правото, независно судство, борбата против корупцијата, рече министерот за Европа во германското Министерството за надворешни работи.

Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини