Роналдо му испрати потпишан дрес на Трамп со важна порака за војната меѓу Иран и Израел

Од:

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му испрати потпишан дрес на американскиот претседател Доналд Трамп со порака за помош во постигнувањето мир.

Пораката на Роналдо доаѓа во време на војната меѓу Израел и Иран, а дресот му го испрати преку претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на самитот на Г7 во Канада.

Трамп потоа се фотографираше покрај сонародникот на Роналдо, а Роналдо му напиша важна порака.

„До претседателот на САД, Доналд Трамп. Играме за мир“, напиша Роналдо на дресот што го доби претседателот на САД.

За потсетување, 40-годишниот Португалец неодамна ѝ помогна на својата земја да ја освои Лигата на нации, а моментално ужива во паузата помеѓу двете сезони.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран