А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ромео: Подготвени сте за преговори, треба да ја исправиме грешката во март

by А1он02/02/2020 - 14:28413
Share0

Позицијата на Италија е многу јасна и транспарентна. Ние се надеваме дека Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ многу брзо.

Добивај вести на вибер

Се надеваме дека тоа ќе биде на следниот Совет на ЕУ во март, вели италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервју за Радио Слободна Европа.

На самитот во Загреб, ЕУ-Западен Балкан, нема да има одлука за отворање преговори, тој самит нема да биде за тоа.

Нашата надеж е преговорите да се отворат што поскоро, првата можност за тоа ќе биде Советот во март.

Северна Македонија ги исполни сите критериуми за да ги отвори преговорите, заедно со Албанија.

Тоа е одлука која ние ја заземавме уште во 2018 година, потоа лани во јуни и на за жал разочарувачкиот самит во октомври минатата година. Значи, земјата е подготвена да почне преговори, дециден е италијанскиот амбасадор.

Ромео наведува дека Италија останува на позицијата дека отворањето преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да биде во пакет со Албанија, зашто и двете земји постигнале напредок во реформите, и се надева дека дебатата за новата методологија нема да се претвори во нов услов и одложување на отворањето преговори.

Политиката за проширување е сè уште фундаментална и суштинска политика на ЕУ.

Се согласивме дека ЕУ треба да е поподготвена за нови проширувања. Како и да е, мислиме дека новата методологија може да се одвива паралелно со реформите на ЕУ.

Значи може да се одвива паралелно со процесот на отворањето преговори, што по природа е долг процес, технички и се базира на мерит-системот за секоја потенцијална членка посебно, наведува Ромео.

Според него, Италија се согласува дека ќе учествува во преговорите за новиот предлог за методологија и нивна цел е да се има поефективен процес, кредибилен и политички предвидлив.

Нашата идеја која е на нон-пејпер кој Италија заедно со други ЕУ земји-членки ја презентираа, е со конкретни реформи за оваа методологија, идејата е сосема спротивното. Не да го комплицираме процесот, туку да имаме поефективен, политички предвидлив динамичен процес. Нашиот пристап, сугестии и идеи се потпираат на еден услов.

Во однос на тоа дали донесувањето на законот за јавно обвинителство е гаранција дека земјава ќе ги почне преговорите со Унијата, Ромео повтори дека Италија го поддржува отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија многу скоро.

Ромео наведува дека земјата треба да продолжи со реформите, особено во клучните области како што е владеење на правото, независност на судството и судиите и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Овие реформи се важни, не затоа што ги бара Брисел за идното членство, туку затоа што им се потребни на луѓето.

Тие се суштински затоа што ги бараат граѓаните, тие се јадрото на реформите кои македонските граѓани ги сакаат и бараат, подвлече Ромео.

datum za pregovoriitalijakarlo romeopodrshka

Би можело да ве интересира

Загина при бегство по обид за грабеж – се заплетка во електрифицирана мрежа

А1он14/02/2026 - 11:55

Италија централна точка за европските резерви на минерали – ЕУ со поддршка од САД и Јапонија го забрзува планот

Горан Наумовски13/02/2026 - 14:15

ВИДЕО: Масовни немири на левичарски протест во Торино, Мелони објави брутално видео

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 09:03

(ВИДЕО) Огромно свлечиште зафати град во Сицилија: Луѓето итно се евакуирани

Горан Наумовски27/01/2026 - 15:1327/01/2026 - 15:55

Возач на камион од Хрватска загина во Италија – го згмечи товар пченка

А1он23/01/2026 - 16:4023/01/2026 - 16:27

Крозето: НАТО треба да се обедини околу Гренланд

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен