Роднини или случајност: На листата од Левица во Струга пет презимиња се повторуваат

Од:

Пет презимиња се повторуваат на листата за советници што ја предлага партијата Левица за Советот на Струга. Тројца, од предложените 27 советници, имаат презиме Мојсоски. Јована Мојсоска е носителка на листата, на 16. место е предложена Рада Мојсоска, а на 23. место е Ристо Мојсоски.

Втор на листата е Драган Малески, а на 25. место е Рамза Малеска. Од третото до единаесеттото место на листата нема презиме кое се повторува. Како четиринаесетта е предложена Добрила Чепуноска, а Весна Чепуноска е кандидатка за советничка под бројот 22.

Тодрока Ѓиковска е на деветнаесеттото место, а претпоследен, дваесет и шести е Благоја Ѓиковски.

Со најмали шанси да влезе во советот е Ленче Будиноска, последна на листата, а истото презиме го носи и кандидатот за советник со реден  број 21, Александар Будиноски.

„А1он“ вчера испрати прашања на мејлот на прес – центарот на Левица за појаснување дали се работи за роднини или за случајност. Побаравме одговори на прашањата: зошто на предложената листа за советници пет презимиња се повторуваат, дали се роднини лицата со исти презимиња предложени на листата и на кој начин Левица во Струга го изврши изборот на кандидати за советници, но одговори не добивме, а денес од прес – центарот не одговорија ниту на пораките и повиците.

Изборниот законик не забранува роднини да бидат предложени за советници на иста листа, но ова досега не беше пракса на предлагачите на листите. Стружани два дена  ја споделуваат и коментираат листата.

Во тек е постапката за потврдување на предложените листи за членови на советите.  Општинските изборни комисии, согласно Изборниот законик, најдоцна до 18 септември листите со кандидати за советници треба да ги испратат до ДИК, а најдоцна до 23 септември листите треба да бидат огласени.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он