Родителите на деца кои ги посетуваат градинките во Куманово нема да плаќаат надоместок за градинка од 11 март

Од:

Родителите на деца кои ги посетуваат осумте објекти од кумановската детска градинка „Ангел Шајче“ нема да плаќаат месечен надоместок од 11 март годинава, одлучија советниците на последната седница на Советот.

Од секторот за култура, спорт, социјална, здравствена и заштита на децата од општина Куманово ја доставија одлуката во која се вели дека предлагач е Управниот одбор на градинката.

–Пресметувањето на надоместокот од ставот 1 на овој член се однесува за периодот од 11 март 2020 година до повторното отворање на установата, која согласно заклучоците, мерките и препораките усвоени од страна на Владата на РСМ на 15-тата седница одржана на 10.3.2020 година, беше затворена и беше прекинат воспитно-образовниот процес поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, се наведува во одлуката.

Советниците од власта и опозицијата на седницата се расправаа кој ја поднел иницијативата за укинување на надоместокот за плаќање. Тие на претходните седници изгласаа и намалување на фирмарината и ги ослободија угостителите и другите субјекти од плаќање на комуналната такса до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе