Родители собираат потписи за настава во училница, Oбразование и Здравство молчат

Од:

Родители на деца од основните училишта собираат потписи за настава со физичко присуство, по оставената можност паралелките со мал број ученици да бидат исклучок од правилото наставата да се одвива онлајн. Минатата недела оваа можност ја најавија министрите за образование и здравство Арбер Адеми и Венко Филипче. Тие објаснија дека паралелките со помалку од 20 ученици, со согласност од министерствата за здравство и образование, може да ја организираат наставата со физичко присуство.

„Охрабрени од оваа можност, собравме потписи од родителите на сите ученици. Паралелката има помалку од 20 деца, а неколкумесечното искуство со учење од дома веќе ни покажа дека не е решение па затоа одлучивме да ја искористиме можноста“, вели родител на дете од скопско училиште, кој веќе се изјаснил дека бара неговото дете физички да присуствува на наставата.

Иако помина една недела од вака најавената можност, од Министерството за здравство и од Министерството за образование, кои треба да дадат согласност, молчат. Не одговорија на прашањата од „А1он“ дали  официјално им стигнале барања за физичко присуство на настава, ниту пак дали има рок во кој треба да се изјаснат. Министерството за образование не одговори ниту на прашањето колку паралелки во државата имаат помалку од 20 ученици.

На препорака од Комисијата за заштита од заразни болести, минатата недела Владата одлучи новата учебна година да почне онлајн, со два исклучоци. Првиот е учениците од 1 до 3 одделение наставата да може да ја следат со физичко присуство, со согласност на родителите, а вториот исклучок се паралелките со мал број ученици на кои исто така им е оставена можност за наставата да ја следат во училница место од дома.

И средношколците нe се согласни наставата да биде само онлајн. Најавениот протест за в петок, поради верскиот празник и неработниот ден, го одложија за понеделник. Преку протест средношколците ќе бараат комбинирана, а не само онлајн настава.

Би можело да ве интересира

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Жител на село Долгаш без причина тепал дете во училишното игралиште

А1он

Родителите од Чашка подготвени да одат до крај: „Ќе платиме и казна ако Шаќири инсистира на албанска паралелка“

Орце Костов

МОН: Непотребно е мешањето на политиката во случајот со училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка

(ВИДЕО) Инцидент во Чашка: Полицијата со жив штит ја одбрани директорката која потпиша албанска паралелка

Орце Костов