Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за ученикот кој падна од прозорец

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп го доби полицискиот извештај за повредениот шестоодделенец во основното училиште „Гоце Делчев“, кој во поладневната смена во понеделникот, од досега непознати причини паднал од прозорецот од највисокиот, трет кат, на училишната зграда и се здобил со тешки телесни повреди, скршеници на стапалата на нозете и на пршлени. Извештајот беше на барањето на Обвинителството со искази од медицински лица, од вработени на училиштето и од видео снимки за немилиот настан.

-Го добивме полицискиот извештај. Ќе ги разгледаме исказите, видео материјалот од камерите и, ако треба, ќе побараме искази од други лица кои не ги испитала комисијата за да констатираме што се случило. Случајот е класифициран како несреќен, изјави в.д основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиеска.

Немилиот настан се случи во понеделникот, на 20 јануари, во поладневната смена на првиот училишен ден во второто полугодие во ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, поконкретно во 14:35 часот, за време на големиот одмор. Веднаш била повикана службата за Итна помош. Лекарите констатирале дека ученикот бил во полусвесна состојба пред училишната зграда. Тој бил префрлен на Одделот за анестезија каде, првично биле констатирани скршеници на стапалото и сомнеж за скршеници на пршлените, а потоа пренесен на Детска хирургија во Скопје.

-Во училницата, на највисокиот кат, биле дежурниот наставник и 11-годишникот од шесто одделение. Дежурниот наставник поминал, го прашал шестоодделенецот зошто не излегол на големиот одмор и добил одговор дека му студи, има јадење и ќе остане во училницата. Кога заминал, а дежурниот ученик излегол да си земе храна, во тие неколку минути се случил немилиот настан, објасни директорката на училиштето Снежана Котева.

Ученикот се лекува на Детска хирургија во Скопје по скршениците на стапалата и на пршлените.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации

Регистриран земјотрес во Струмичко

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во Клиничкиот центар во Ниш од Воената болница

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри