Родители најавија голем протест во Чашка: Отворена албанска паралелка во училиште кое изведува настава на македонски

Од:

Родители на македонските ученици во населбата Чашка во истоимената општина за утре попладне најавија протест поради одлуката на Министерството за образование да се отвори паралелка на албански јазик во ОУ „Тодор Јанев“ каде што шест ученици ќе следат настава на мајчин јазик.

После неколкумесечно натегање помеѓу општина Чашка, МОН и Државниот просветен инспекторат, најден е начин тие ученици да следат настава на албански во училиштето, но тоа предивика револт и од вчера, бојкот на наставниот процес, поради неспроведувањето на процедурите.

Од Советот на родители соопштија дека секое утро ќе протестираат пред училиштето затоа што сметаат дека е прекршен Статутот на училиштето во кој пишува дека наставата се изведува на македонски јазик, училиштето три месеци работи без Училишен одбор а се реализирани три вработувања. на наставник по албански јазик како и на готвач и хигиеничар во услови кога училишниот интернат е затворен од Државен просветен инспекторат бидејќи немал верификација.

Избрана е нова директорка на училиштето која поднела барање до Министерството за образование и наука и истото и одговорило позитивно.

“Одземаа ингеренции иако градоначалникот е од СДСМ, наместија нов директор, реализираат вработувања од ракав без дозвола на највисокиот орган во училиштето, го затворија интернатот, за сега да примаат нови вработени во истиот на кој се уште има пломба. Деца кои официјално не се ученици (не се запишани во главна книга) посетуваат настава а училиштето плаќа превоз за истите… Вистински башибозук, се со цел да спроведат отварање на албанска паралелка во населено место каде воопшто не живеат Албанци“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски.

Во август годинава, Државниот просветен инспекторат каде што директор е Халит Ферати од Алијанса за Албанците и коалициски партнер на СДСМ од чии редови доаѓа градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски му наложи на Министерството за образование и наука да му ги одземе ингеренциите на градоначалникот затоа што не отворил албанска паралелка во централното училиште иако во тој реон не живеат Албанци.

Според реонизацијата од 2017 година, во реонот во кој припаѓа ООУ „Тодор Јанев“ се учи на македонски јазик, а овие деца се на родители кои имаат лична карта од реонот во кој се учи на албански јазик.

– Се работи за номадски семејства, кои се преселуваат наесен тука околу населбата Чашка. Наназад едно 50-60 дечиња учат на македонски оти не може да ги прими ова училиште ако не потпишат изјава за согласност, бидејќи согласно статутот тоа е училиште со настава на македонски јазик. Проблематично е од законски аспект, тие не се со лична карта во овој реон. Законот им дозволува да учат на мајчин јазик, што не е спорно и никому не му пречи тоа. Но, тие сакаат да го смениме статутот, ама без одлука на училишен одбор тоа не знам како ќе се направи.

Има процедури, мора да помине тоа и на совет во општината, а најпосле јас треба да пуштам барање до МОН. Училишниот одбор не дозволува, не сака тоа да го направи – образложи за „А1он“ градоначалникот Горан Стојановски после одземањето на неговите ингеренции.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција