Родители и средношколци протестираа против најавените реформи во образованието

Од:

Родители и средношколци организирани преку иницијативата „Учебници и настава мора да има“, попладнево го почнаа својот протестен марш пред Министерството за образование и наука, беа пред Владата, а потоа пред Собранието. Во исто време, протести се одржуваа и во уште 18 македонски градови,

Пред Собранието, тие испратија пораки до пратениците и до ресорното Министерство да ги повлечат, како што велат, сите најавени образовни реформи кои треба да стапат во сила од новата учебна година.

Родителите изјавија дека се против дигитализација на учебниците онака како што е најавено и додадоа дека проблем претставува и воведувањето предмет сексуално образование. Тие добија поддршка од организацијата „Средношколски глас“.

Максим Крстевски од „Средношколски глас“ посочи дека министерката Царовска сѐ уште не го слуша нивниот револт.

-Видовме дека онлајн наставата не вроди со плод. Дигитализација да, но не на ваков начин и не преку ноќ. Учебници мора да има и мора да се вратиме во училишните клупи, изјави Кртевски.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Ќе нема недостиг од учебници

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура