Родители го принудувале детето да дава сексуални услуги, тројца приведени

Од:

По претходно донесена наредба за спроведување истражна постапка од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје-Единица за интервентна полиција при БЈБ-МВР, од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, беа издадени наредби за приведување на три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „трговија со дете“ по чл.418-г и „родосквернавење“ по чл.194 од КЗ на РСМ, информира Министерството за внатрешни работи.

– Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје-Единица за интервентна полиција и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје, презеде мерки и активности за постапување по наредбата и лишување од слобода на три лица за кои постојат основи на сомневање дека се сторители на овие кривични дела, соопшти МВР.

Притоа, лишени од слобода се три лица и тоа родителите на детето Ш.А. (48) и Н.А. (41), како и А.К.(61), корисник на сексуални активности од дете кое не наполнило 14 години, тројцата од Скопје, при што во текот на денешниот ден се изнесени пред Судија на претходна постапка, кој им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Поради фактот што Ш.А. и Н.А. се во брачна заедница, од која имаат малолетни деца, ангажирани се претставници од ЈУМЦСР Скопје, за соодветно згрижување на децата, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи силуваа 32-годишна познаничка

Горан Наумовски

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски