Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Од:

Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати – родител, старател, законски застапник, Министерството за внатрешни работи склучува договор за школување, а со истиот понатаму се регулираат процедурите и обврските кон училиштата во кои учеле прва и втора година – пишува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари