Родено прво бебе од смрзната јајце клетка во Македонија

Од:

Новородено девојче е првото бебе во Македонија родено од смрзната јајце клетка. Постапката ја изведе стручен тим во приватната болница Ре-Медика.

– Целта ни е да ги следиме и етаблираме сите нови методи кои донесуваат прогрес во решавањето на проблемот со стерилитетот. За тоа ги имаме сите предуслови. Имаме одлично едуциран тим, современа опрема, работиме по современи протоколи. Тоа не прави силни, квалитетни и професионални во решавањето на проблемот на неплодноста. Зголемувањето на бројот на нашите пациенти тоа и го потврдува, рече на денешната прес-конференција д-р Зоран Петановски, шеф на ИВФ во Ре-Медика.

Тимот од Ре-медика појасни дека замрзнувањето на јајце-клетките е само една од новите методи кои во контиунитет се воведени во последните години во Центарот за ин витро фертилизација.

Според Петановски, за оваа метода потребна е софистицирана опрема и кадар кој е длабоко навлезен во материјата.

На одделот, како што посочи, извршени се над 4.000 ин витро фертилизации и оти има 1.500 раѓања.

Д-р Валнтина Сотироска, одговорна за ИВФ лабораторијата, истакна дека ова е нова опција и која особено е потребна во време кога жените одлучуваат подоцна да раѓаат.

Во конкретниов случај станува збор за замрзната сопствена јајце клетка, а ќе може да се врши и донирање. Јајце клетките може да се чуваат пет години.
Постапката на смрзнување и зачувување, како што посочија од болницата, се наплаќа приватно, а на товар на Фондот за здравствено осигурување може да се изведат три постапки на ин витро.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем