Рочишта за „Труст“, „Шпион“ и „Транспортер“

Од:

Во кривичниот суд денеска треба да се одржат три судски рочишта за предметите „Шпион“, кој според новиот распоред на судии, ќе го суди судијата Владимир Туфегџиќ, „Транспортер“, кој го презеде судијката Добрила Кацарска и случајот „Труст“.

Два од овие три предмети почнуваат од почеток поради новиот состав на судиите. Останува само „Труст“ да го суди судијката, која и досега го водеше предметот, Лидија Трајковска Зимбовска. „Труст“ е во доказна постапка.

Адвокатите на обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и правните лица на фирмите, треба да ги изведат нивните докази, по што следуваат завршните зборови и пресудата. Претходното рочиште се одложи поради болест на второобвинетиот Авировиќ.

Во предметот „Транспортер“, кој треба да почне од почеток, на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, и на уште 20-тина лица им се суди за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена злоупотреба на околу 360.000 евра.

Обвинетите побараа да се снимаат аудиовизуелно судењата.

Би можело да ве интересира

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски