„Ризоспастис“: Венизелос во Тирана разговарал и за ситуацијата во Македонија

Од:

Создавањето ексклузивна економска зона меѓу Грција и Албанија не е единствената причина за посетата на Венизелос на Тирана. На маса биле и други две прашања – Косово и Македонија.

Ова денеска го пишува грчкиот весник „Ризоспастис“, осврнувајќи се на посетата на грчкиот министер за надворешни работи на Албанија, истакнувајќи дека „патувањето било дел од стратешкиот процес за подобрување на геостратешката улога и позиција на Грција во регионот“.

Со оглед на тоа што во Македонија има големо албанско малцинство кое е застапено и во Владата, темата за ситуацијата во нашата земја била неизбежна во разговорите во Тирана, а со тоа и прашањето за името, за кое весникот коментира дека е „хроничен проблем“ меѓу Атина и Скопје.

Потсетувајќи дека „грчките власти досега имале средби со македонски Албанци од Владата во Скопје во врска со прашањето за името“, „Ризоспастис“ пишува дека „употребата на албанското малцинство во Македонија со цел да се промовира решение за прашањето за името само ги заострува постоечките противречности и антагонизми во регионот“.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска