Ристовски на средби со жители на општина Ѓорче Петров

Од:

Реализираните и очекувањата за идните проекти во образованието, беа тема на денешните средби на заменик министерот за образование и наука и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски со жители во повеќе населени места во општина Ѓорче Петров.

– Ќе продолжиме да ги реализираме сите активности што досега сме ги реализирале и ќе ја подобруваме вкупната образовна инфраструктура. Истовремено би сакал да поразговараме со граѓаните во однос на досега реализраните проекти и она што значи реализација на проекти во следниот период, кои се очекувањата од ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, изјави Ристовски.

На граѓаните на Македонија, додаде, им е доста од оваа деструкција и негативен политички набој којшто постои во изминатите две години и беше продуциран од опозицијата.

– Граѓаните сакаат и заслужуваат да продолжи вкупниот развој на Република Македонија на сите полиња. Македонија има сила да излезе од оваа деструкција, а на 11 декември граѓаните ќе  го дадат најдобриот одговор за таквата ситуација и јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 63 пратеници и оти на тој начин ќе можеме да продолжиме со севкупниот развој на Македонија на сите полиња, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус