Ристовски: Ќе се реконструира покривот на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар

Од:

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при посетата на основното училиште „Гоце Делчев“ најави дека до идното лето покривот на ова ова училиште ќе биде реконструиран. Денешната посета, заменик министерот ја искористи да се запозне и со останатите потреби на наставниот кадар и родителите на учениците.

– Во претходни разговори со училишната управа и училишниот одбор ја констатиравме потребата од замена и поправки на покривот. Ова е особено важно затоа што на еден дел има сериозни оштетувања. Очекуваме, според договореното, локалната самоуправа да го достави проектот и тој да биде ставен во програмата на министерството.По изборот на компанија која ќе ги изведе работите, се надевам дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото идната година. Со ова, во иднина ќе се созадат и подобро услови за работа како на наставниците, така и за учениците, изјави Ристовски.

Придружуван од соработниците, заменик министерот го разгледа објектот во едно од поголемите образовни институции во Гостивар и оствари средба со родители на ученици кои му пренесоа некои барања за подобрување на условите во ОУ „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите