Ристовски: Измените на Законот за иновациската дејност значајни за Фондот за иновации

Од:

Со измените и дополнувањето на Законот за иновациската дејност се предвидуваат новини кои се од исклучително значење за функционирањето на Фондот за иновации, но и за инструментите кои подразбираат финансиска поддршка за лицата кои сакаат да креираат, односно да се бават со некоја од иновациите, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Предлог-законот, како што рече, денеска е на второ читање пред членовите на матичната собраниска Комисија за образование, наука и спорт и на Законодавно-правната комисија.

Со законските измени, како што појасни Ристовски, предвидено е да се допрецизираат и доуредат одредби кои ќе овозможат целосно функционирање на Националната канцеларија за трансфер на технологии.

– Значајно е да се истакне дека со овие измени се овозможува соработка помеѓу Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за земјоделство во делот на користење на средствата од Програмата за рурален развој, која што ќе биде од исклучително значење пред се заради можност за стимулација на иновациите и во делот на земјоделската дејност, рече заменик-министерот за образование.

Со ова на еден начин, како што посочи, се прави поврзување на вкупните владини политики во делот на иновациите и во делот на земјоделието, која е една од најзначајните гранки која Владата на РМ ја поддржува со високи износи на субвенции во делот на развојот и квалитетот на земјоделието кое ќе биде конкурентно на европскиот пазар.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите