Ристова: СДСМ поддржува минимална плата од 31.500 денари

Од:

Животот на повеќето граѓани станува сè поскап од ден во ден. Основните трошоци растат, а платите стагнираат – секојдневието на граѓаните е сведено на борба за опстанок.

Две минимални плати, веќе повеќе месеци, не се доволни за покривање на основните потреби.
Овој месец, минималната синдикална кошница достигна 63.252 денари, што претставува пораст од скоро 400 денари месечно, а во споредба со јануари 2024 година, зголемувањето е за 6.000 денари.

Погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ ги збогатија елитите, додека народот осиромашува.

Во најголемиот Буџет во историјата тежок 6 милијарди евра, власта вели дека нема пари поголеми плати за работниците.

Пари за минимална плата нема, но пари за нов авион има.

Мицкоски и ДПМНЕ си ги кројат приоритетите онака како што ним им одговара, без тронка совест и грижа дали работникот во текот на месецот ќе има со што да го прехрани семејството и да ги плати сметките.

Со ова темпо на пораст на трошоците за живот, минималната плат веќе треба да биде над 500 евра.

СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во најтешките кризи, не заборавивме на работниците. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари.

И сега, СДСМ е страна на работниците. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги поддржува барањата за зголемување на минималната плата на 31.500 денари.

Бараме власта итно да се откаже од луксузирања, да ги напушти погрешните политики и да ја покачи минималната плата и платите за вработените во различни сектори.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ