(ВИДЕО) Ристоска: Ниту еден медиум не е под истрага на СЈО

Од:

Обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска по напуштањето на прес конференцијата од неколку медиуми како знак на револт поради како што наведоа притисокот од СЈО, објасни дека за нив се сите еднакви и доколку некој сторил кривично дело треба да одговара.

Ниеден медиум не е под истрага во СЈО, но доколку одредени лица кои се сопственици или се поврзани со некој медиум, сториле кривични дела кои се сами за себе кривични дела, тогаш треба да одговараат. Во интерес на сите е да се спроведе истрага и да се утврди дали има вина. Ги демантираме сите тврдења дека ние правиме притисок врз медиумите, рече Ристоска.

Во однос на покренатите нови истраги за четири дела, таа кажа дека помошникот министер во предметот „Триста“, е претходно опфатен и во друга истрага на СЈО. Во „Тифани“, најголем дел од прислушуваните материјали до сега не се објавени.

Изворот на приходите во „Тифани“ и „Тотал“ е опфатен со истрагата, но во овој момент нема да ги коментираме приходите на фирмите. Предмет на ова истрага е даночно затајување, што значи одбегнување плаќање на даночни обврски кон државата, рече Ристоска.

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on