Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Од:

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа во психијатриска болница ќе бидат преземени сите правни мерки.

„Ве известуваме дека ќе бидат преземени сите правни мерки против инволвираните кои си создаваат илегална пракса на носење на наводно алкохолизирани лица во психијатриска болница за да ‘стручно лице’ процени по физиономија дали сте пијан, нешто што не поминува на суд, или не, што нема законски основ прво, а второ е идиотски“, велат тие во заедничка изјава.

Ристиќ и Митровски наведуваат дека немаат намера да прејдат преку, како што велат, незаконитото и непрофесионално однесување на овластените службени лица. „Секој полицаец во моментот кога ве приведува е должен прво да се легитимира, да ве запознае со причините за вашето приведување на јазик кој го разбирате, да ви даде поуки дека имате право да молчите, да ви даде поуки дека имате право на бранител и да ви овозможи да повикате бранител веднаш. Време е, ако сакаме да тврдиме дека веќе не живееме во режим, да се позанимаваме со оние кои треба да бидат пример за чест, а не за потсмев“, велат тие.

Ристиќ беше приведена во саботата бидејќи, како што вели, чистела догорчиња од цигари пред Влада. Таа рече дека односот на полицајците бил арогантен, а три часа од приведувањето не ѝ дозволиле ниту да повика адвокат. Од полицијата соопштија дека таа била приведена заедно со уште лице едно поради нарушување на јавниот ред и мир. Од МВР соопштија дека Ристиќ била однесена во психијатриска болница затоа што одбила да направи алкотест.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски