Ристевски: Жерновски е неспособен да се справи со снегот

Од:

Состојбите со улиците во Центар стануваат загрижувачки, после секој паднат снег. Сите се загрижени, освен мрзливиот градоначалник Андреј Жерновски, рече на прес конференција Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нему очигледно ништо не може да му го расипе зимувањето во елитните хотели и рекреативни центри во Бугарија, ниту комуналните проблеми на Општина Центар, ниту проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина, ниту скандалозните трошења на пари од буџетот на општината.

Додека граѓаните во Општина Центар се соочуваат со се поголеми проблеми му порачуваме на мрзливиот градоначалник Жерновски кој ужива на чист воздух во Боровец:

Дојди врати се во својата Општина, тука има доволно снег да се скијаш на улица, или да се лизгаш на мраз. Ако ти е до ски скокалници отиди во повисоките делови од Општина Центар, таму има колку што ти душа сака.

Доколку Општина Центар не трошеше 1,2 милиони евра за преуредување на две улички во вкупна должина од 370 метри, можеше подготвена да го пречека снегот во зима.

Доколку Општина Центар и мрзливиот Жерновски не трошеа залудно пари на тамбураши и диџеи ќе ги исчистеа улиците и немаше да го претворат одењето низ Центар во екстремен спорт.

Граѓаните на Центар ја видоа несериозноста и неодговорноста на мрзливиот Жерновски.

Граѓаните на Центар на дело ја гледаат неспособноста на градоначалникот Центар да се справи со нивните потреби и проблеми, рече Ристевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166