Рикер: Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш

Од:

Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш, истакнале помошник државниотн секретар на САД, Филип Рикер и сенаторот Рон Џонсон на денешната средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава.

Американскиот помошник државен секретар, Рикер, добар познавач на Балканот и поранешен амбасадор на САД во нашата земја, ја потенцирал поддршката на САД на европската перспектива на нашата земја.

-Северна Македонија со своите решителни чекори и храбри решенија заслужи членство во НАТО и јасна европска перспектива, истакнал Рикер и најавил дека САД се активни во разговорите со европските сојузници околу потребата за позитивна реакција и од ЕУ на покажаниот успех.

Рикер изразил надеж дека летово Северна Македонија ќе добие позитивен одговор од Европскиот совет, односно отворање на преговорите со ЕУ.

Сенаторот Џонсон ја поздравил и поддршката на граѓаните за храбрите чекори на Владата и најавил дека очекува брзо и ефикасно заокружување на процесот за ратификација на протоколот за членство на Република Северна Македонија во американскиот сенат. Севкупниот процес на ратификација, посочил тој, е на брза трака и очекуваме да се заврши успешно до крајот на годината.

Министерката Шекеринска изразила заблагодарност за поддршката од САД како стратешки партнер на државата.

-НАТО навистина го одржа зборот. Имаме брз и ефикасен процес, ратификациите се одвиваат одлично. Се надевам дека Европската Унија ќе го следи овој пример и ќе ги почне преговорите. Членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ беа главните мотиви за решенијата на проблемите кои стоеја на патот кон овие стратешки цели, посочила минситерката.

Средбите со помошникот државен секретар Риклер и сенаторот Џонсон беа одржани на маргините на форумот ГЛОБСЕК во Словачка, каде се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он