Рибокрадци кај струшко Радожда нападнале рибочувари

Од:

Деновиве при вршење на акција спроведена од овластени лица на :концесионерот со Охридското езеро, фирмата ПАСТРМКА 2012″ во координација со Државниот инспекторат за земјоделство на потегот кај с.Радожда од водите на Охридско Езеро извадени се 4 мрежи за лов на охридска пастрмка информираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

При самото вадење на мрежите од водите на Охридско Езеро на овластените лица на “ПАСТРМКА 2012” упатени им беа закани од сопствениците на рибарските мрежи истите да не се вадат од водите на езерото.

При пристигнување на брегот во с.Радожда по вадењето на мрежите од водите на езерото овластените лица од концесионерот физички се нападнати од С.Д, Д.С и двајцата од с.Радожда. Од наведените лица кои се сопствениците на извадените рибарските мрежи, при физичкиот напад на лиценцираниот рибар Л.Г му се нанесени телесни повреди за што на истиот му е укажана соодветна медицинска помош во специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Св.Еразмо” од Охрид.

Риболовниот алат – мрежи кој служи за лов на пастрмка е предаден на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид од каде по комплетирање на предметите ќе бидат поднесени соодветни пријави против сторителите на делото.

Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата) од Охрид ја информира јавноста дека за време на престојниот мрест на охридската пастрмка заедно со концесионерот “ПАСТРМКА 2012” д.о.о.е.л ќе ги интензивира надзорите и контролите во врска доследно спроведување на Законот за рибарство и аквакултура и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски