Резултати од проектот за контролни системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ќе ги промовира резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”.

Предвидено е резултатите да ги соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, а најавени се обраќања и на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, италијанскиот амбасадор Карло Ромео, генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно – медицински препарати при Министерството за здравство на Република Италија Силвио Борело, како и на Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Проектот, со финансиска поддршка од Европската унија го реализираа АХВ, Министерството за земјоделство, Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра