Ревизијата открива: ДУИ за пола милион денари го надминала лимитот за донации за изборите

Од:

Во ревизијата за приходите и расходите на Демократската унија за интеграција за изборите во 2016 година, се нагласува неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансискиот извештај. Според пресметките на ревизорите, во периодот од 11 ноември 2016 година до 03 март 2017 година, партијата на Али Ахмети добила донации од физички лица чиј поединечин износ го надминува законскиот лимит. Станува збор за сума од пола милион денари. „Парите не се префрлени во корист на Буџетот на РМ што има за ефект финансирање на изборната кампања спротивно на одредбите од Изборниот законик и оставрување на помалку приходи во Буџетот на Република Македонија“, напишале ревизорите за финансискиот извештај на ДУИ.

Државната ревизија ѝ препорачува на ДУИ во идните изборни процеси да обезбеди доследна примена на одредбите од Изборниот законк, во однос на максималниот износ што може да го прими како донација. Според Изброниот законик, изборната кампања може да се финансира од членарина, од донација од физички лица до 3.000 евра и од донација од правни лица во максимален износ од 30.000 евра.

Во финансискиот извештај за ДУИ пишува и дека приходите од донации се прикажани за помалку од 150 илјади денари, бидејќи не била евидентирана донација од едно физичко лице. Ревизорите констатираат дека вкупните расходи се прикажани во помал износ од 4 милиони и 717 илјади денари поради неискажани расходи за користени рекламни услуги-билборди кои до периодот на затворање на трансакциската сметка не се наплатени. Ова е поради невоспоставената сметководствена евиденција на трансакциите од сметката за изборната кампања, поради што разликата меѓу вкупните приходи и вкупните расходи не е реално прикажана.

Вчера „Транспаренси интернешнл – Македонија“ објави дека на листата како донатори на ДУИ се јавуваат и државни претпријатија како „АД Македонска пошта“, „АД Аеродроми на Македонија“ и ЈП „Македонски железници – инфраструктура“, што е спротивно на одредбите од Законот за спречување корупција и Законот за финансирање на политичките партии. Државната комисија за спречување корупција оваа документација ја предала во Основното јавно обвинителство Скопје.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Предлог-Буџетот не е развоен, тој мора да се избалансира, a државната каса да се надополни