Претседателот Стево Пендаровски вчера беше домаќин на ревијален шаховски натпревар во организација на Кабинетот на претседателот.
– На ревијалниот шаховски натпревар учествуваа и шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров, Јована Трајчевска која на осум години стана балкански првак за слепи лица во категоријата јуниори, како и Марко Зафиров, државен првак во шах за млади кој наредната година ќе учествува на Европското првенство во шах за млади во Струга, информираат од Кабинетот.
Од Кабинетот додаваат дека настанот се организира со цел да се актуализира шаховската игра, да се продлабочи соработката со шахистите, како и да се овозможи инклузивен пристап којшто е одлика на едно демократско општество.