Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Од:

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286 се ревакцинирани, а 1.068 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

– Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти МЗ.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

МЗ: Ревакцинирани се 47% од полнолетните граѓани во државата

Ана Ололовска

31 процент од новозаболените со Ковид-19 биле вакцинирани

Катерина Павлова-Николовска

Нема нови мерки, Владата реши да бара начини за поттикнување на вакцинацијата

Катерина Павлова-Николовска

Владата треба да реши кој ќе ги плаќа тестовите за ковид

Катерина Павлова-Николовска

За ССК неприфатливо претпријатијата да плаќаат за тестирање за оние кои не сакаат да се вакцинираат

Ана Ололовска

Царовска: Нема значителен отпор кај наставниците за вакцинација

Ана Ололовска