Рестартирана автоматската мониторинг станица Битола 2

Од:

Од 14 ноември годинава инструментот за симултано мерење на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и до 2.5 микрометри (PM10/PM2.5) во Автоматската мониторинг станица Битола 2 е инсталиран и ставен во работен режим,  соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– По неопходниот период за стабилизација на инструментот и негово тестирање, од најмалку 24 часа, од 15 ноември 2018 година тој е ставен во оперативен режим и со тоа податоците од извршените мерења се достапни и на веб порталот за квалитет на амбиентен воздух при МЖСПП, односно на http://air.moepp.gov.mk , се вели во соопштението.

МЖСПП информира дека во изминатиот период мерењата на PM10/PM2.5 од мерното место Битола 2 беа оневозможени поради комплексен дефект на инструментот во гарантен рок и тој мораше да се испрати до неговиот производител. По извршеното сервисирање и калибрација тој е вратен назад на мерното место.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот