Реновирање да, друго не, порача Влатко Стефановски за Универзална, покрената и петиција за спас на салата

Од:

Гитаристот Влатко Стефановски преку „Инстаграм“ побара да не се чепка храмот во кој настапиле бројни уметници од земјава и странство. И тој смета дека Универзална сала треба да се реновира.

„ Не го чепкајте храмот во кој настапувале Реј Чарлс, Џими Смит, Меккојтинер, Би Би Кинг, Херби Хенкок, Шарл Азнавур, Дејвид Брн, Фреди Хабард, Чик Кореа, Брајан Фери, Мик Тејлор, Давид Силвијан, Џон Меклафлин, Џое Завинул, Лери Карлтон, Корни Група, Тајм, Ју Група, Индекси, Леб и Сол, ВС трио, Кингс оф Стрингс, Скопје Џез Фестивал и други бројни уметници од земјава и од странство. Реновирање да, друго не“, стои во објавата на Стефановски на „Инстаграм“.

„Реновирање да, друго не“, стои во објавата на Стефановски на „Инстаграм“.

Неговиот став го дели и бизнисменот Антони Пешев, кој, пак , покрена интернет петиција за спас на Универзална сала на платформата change.org. Петицијата е покрената пред два дена, а наменета е за градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, Советот на Скопје, Министерството за култура и Министерството за транспорт и врски.

„ Убаво е ако градот сака да изгради нова поголема и поубава Универзална сала на поубаво место(!!!), ама да се уништи култниот скопски репер стар скоро 60 години, а да се изгради парк со микро димензии и отворена сала со дискутабилна употребна вредност е луксуз без никаква логика“, смета Пешев.

Тој бара да се најадат средства и да и се врати функционалноста на Универзална сала макар и со намалени капацитети заради скопјани на кои оваа градба им значи и заради симболот на солидарноста.

Петицијата е покрената пред два дена

Во повикот за потпишување на петицијата Пешев објаснува и дека спасот на Универзална сала ќе значи и спречување на постојаните обиди да се урива се што значи во градот.

„Да прекине тенденцијата Скопје да се обезличува о центри на кои Скопје им е место од кое си заминуваат дома секој слободен викенд и празник“, стои во петицијата.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вчера не ја исклучи можноста за судбината на Универзална сала да се одлучува на референдум, но не се откажа ниту од распишаниот конкурс за летна сцена на локацијата на салата.

Би можело да ве интересира

Влатко Стефановски сними нов албум во култно студио во Лондон: Пеев на микрофонот на кој пееше Ејми Вајнхаус

А1он

Кривична пријава за екс министерката Костадиновска Стојчевска за Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Љутков: Универзална сала е преземена на незаконски начин

Љутков: Ќе се повтори постапката околу преземањето на Универзална сала во Скопјe

Горан Наумовски

Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената