Ременски: Обвинителството нека истражи што правев во невладината на Боки 13

Од:

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски на нејзиниот профил на „Фејсбук“ објави дека нема против Обвинтелството да ја истражи нејзината улога во невладината на Бојан Јовановски.

„Да не ги оставам во грижи оние од ВМРО-ДПМНЕ кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве, пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на „патриотизам“ за празникот 2 Август – Илинден… Добро сум, ич да не се секирате!

Немам ништо против (Напротив!), ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е мојата почесна функција во навладината организација на Бојан Јовановски (Боки 13). Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема“, напиша Ременски.

„Секое ставање на моето почесно членство во невладина организација во контекст на актуелниот случај „Рекет“ е очајнички обид на „државнички поставената опозиција“ да фрли партиска боја на случајот кој треба/мора да добие разрешница, без навивање од партиски трибини и трибуни.

Со име и презиме стојам зад сите мои постапки кои се позитивни, одговорни и законити, до степен што многу често (до ден денес) пречеле на многумина.
Политичката култура и етиката не ми дозволува да делам лични квалификации, лекции за добро однесување и одговорност за дифамацијата, хибридната етика и субверзивната пропаганда. Тие лекции ќе добијат друга форма, пак со име и презиме.

До следниот прес, нека го истражат и моето почесно членство во Независниот синдикат на полицијата… и таму зборувам и имам слики“, напиша Ременски и го честиташе Втори август – Илинден.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русковска: Јанева влезе во мрежата на самопрогласениот естраден уметник

Васко Маглешов

Боки 13, по викендот, се враќа во Шуто Оризари, во вторник почнува судењето за „Рекет“

Васко Маглешов

Правобранителот ќе ѝ ги бара 157-те илјади евра на Јанева ако Обвинителството отвори истрага

Васко Маглешов

Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор, најави Русковска

Васко Маглешов

Катица Јанева не ставила потпис на готова истрага за „Скопје 2014“

Васко Маглешов

Катица Јанева бара апанажа

Васко Маглешов