(ВИДЕО) Ременски: Не чувствувам вина за случајот „Рекет“

Од:

Пратеничката и експретседателка на Собранието Фросина Ременски по еден час поминат кај судијата на претходна постапка за случајот „Рекет“, изјави дека не чувствува вина и дека ќе соработува со обвинителството со цел целосно да се расчисти случајот.

Обвинителството ја сомничи дека таа со својот авторитет оставила впечаток дека зад проектите на „Меѓународниот сојуз“ стои извршната власт и на тој начин помогнала да се изнудуваат пари од големи компании на сметката на оваа невладина организација.

„За мојата улога во Меѓународниот сојуз кажав и претходно кога бев повикана да сведочам како лице кое има сознанија за случајот“, рече таа.

Иако вчера премиерот Зоран Заев изјави дека секој функционер кој се сомничи или е обвинет за некое кривично дело ќе биде отстранет од партијата, Ременски изјави дека немала намера да се повлече од функциите, но дека сепак неговата изјава не ја протолкувала негативно и дека ќе ја почитува одлуката на партијата каква и да е таа.

Се очекува наскоро пред судот да се појави и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и неговата асистентка Кристина Карајованова.

Судијката на претходна постапка во текот на денот ќе одлучи дали на Ременски ќе ѝ одреди некоја од мерките на претпазливост, што ги бара обвинителката Вилма Русковска – одземање на патна исправа, забрана за напуштање на престојувалиштето (Скопје) и еднаш неделно задолжително јавување во судот.

Јовановски, Ременски, Мандиќ, таткото на Јовановски и Карајованова, според истрагата, биле вмешани во спорен трансфер на околу 720.000 евра преку две градежни фирми до „Меѓународниот сојуз“.

Според обвинителството, првосомничениот Боки 13 како претседател на невладината организација, од Силјан Мицевски, директорот на градежната фирма „Пелистер“ му извлекол огромна сума на пари само врз основа на проект за изградба на пензионерски дом во Битола. Вториот бизнисмен за кој Јовановски се сомничи дека извлекол пари на истата основа е Ардијан Амзоски, сопственик на фирмата „Дрим билдинг“.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески