(ВИДЕО) Ременски: Нападот во Собранието беше обид за атентат врз Заев

Од:

Екс министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, денеска даде изјава во Јавното обвинителство за случувањата на 27-ми минатиот месец во Собранието, за што смета дека е неуспешен обид за атентат врз претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Таа нагласи дека во истрагата е потребно да се стави акцент на инволвираноста на војската и полицијата во целиот случај.

Ременски апелираше до граѓаните и медиумите доколку се во можност да помогнат во пронаоѓањето на напаѓачите во Собранието.

На новинарското прашање дали таа ќе биде повторно министер за труд и социјална политика, Ременски не сакаше да коментира и рече дека сега откако е доделен мандатот, ќе разговараат и ќе се распределуваат министерските позиции.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски