Реконструкција на столбови на семафори на три крстосници во Куманово

Од:

Во Куманово деновиве ќе се врши реконструкција на искривените столбови на семафорите на три крстосници.

Од Општина Куманово информираат дека на реконструкцијата на столбовите ќе работат екипите на фирмата задолжена за спроведување на тендерската постапка и екипи на кумановското јавно претпријатие „Водовод“ ќе работат.

Семафорите утре ќе бидат исклучени на крстосницата помеѓу булеварите „Трета Македонска Ударна Бригада“ и „Октомвриска револуција“, на 4 јули екипите ќе работат на семафорите на крстосницата помеѓу булеварот „Трета Македонска Удрана Бригада“ и улицата „Перо Чичо“, а во четврток на 5 јули пак ќе работат на крстосницата помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“. Според динамиката на работата, прекинот на режимот на работата на семафорите ќе трае најдоцна два дена.

За одржување на семафорите во Куманово на годишно ниво се одвојуваат милион и двесте илјади денари.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане