Реконструкција на градскиот плоштад во Куманово

Од:

Општина Куманово започна со санација на двата делови од плоштадот „Маршал Тито“ во градот.

Екипите на фирмата изведувач ги санира дотраените и искршени мермерни и бекатонски плочки на двата делови од плоштадот, како и скалите и сливниците.

За санацијата од општинскиот буџет се одвоени 1,5 милиони денари и Данок на додадена вредност.

Освен, плочките на плоштадот, ќе се реконструираат и решетките за сливниците и скалите кои веќе се дотраени.

– Паралелно ќе се работи и на големиот и малиот плоштад во зависност од потребите, информираше раководителот на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Со овој тендер, појаснуваат надлежните од Општината, предвидено е да се постави и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски