Реконструиран објектот на Царината на граничниот премин Богородица

Од:

На граничниот премин Богородица денеска ќе биде предаден во употреба реконструираниот објект на Царинската управа на Македонија, проект финансиран од ЕУ.

На означувањето на завршетокот на градежните работи за реконструкција на управната зграда со придружни објекти ќе присуствуваат амбасадорот Аиво Орав, шеф на Длегацијата на ЕУ, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Царинската управа на РМ, Наташа Радеска Крстевска.

Реконструкцијата вредна 193.000 евра е реализирана во рамки на Проектот BORDER IN финансиран од ЕУ, а дел е од програмата за прекугранична со Грција. Целта е подигање на квалитетот на царинските услуги за граѓаните и компаниите, но и на безбедноста во граничниот регион.

Се оценува дека ефектите ќе бидат повеќекратни и вклучуваат побезбеден и побрз трансфер на стока и луѓе, поттикнување на билатералната соработка и на безбедноста на патниците.

ЕУ го финансираше и унапредувањето на уште два капацитети на Царината – граничните премини Табановце со 1,9 милиони евра и Ќафасан во вредност од 1,5 милини евра.

Би можело да ве интересира

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

Орце Костов

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска