Реконструиран големиот парк во Гостивар, наскоро нови паркови во околината

Од:

Гостиварската локална власт планира да направи паркови во околните села и населби и да се преуредат неколку зелени зони кои се запуштени, ова го најави градоначалникот Арбен Таравари на завршетокот на работите во големиот градски парк.

Таравари на новинарско прашање околу прозивките на опозицијата дека фаворизирал одредени компании кои ќе ги вршат градежните работи и уредувањата, ги отфрли обвинувањата и појасни дека станува збор за два тендера и два различни проекта.

– За уредувањето на големиот парк тендерот го распиша јавното претпријатие и се одвиваше според законските процедури. Додека за втората активност, општината веќе покрена тендерска постапка. Нашите опоненти треба подобро да ги читаат огласите и да не критикуваат без основа. Јас се надевам дека во скоро време, во дел од населените места во општина Гостивар ќе завршат работите и граѓаните ќе добијат убави парковски површини, изјави Таравари.

Реконструкцијата на големиот парк што се наоѓа на двата брега на Вардар започна во април со рамнење рамнење на површината. Потоа следуваше уредување на патеките со бекатон плочки, сеча на дрвјата кои беа во фаза на распаѓање и нивна замена со нови садници. Во реконструираниот парк покрај парковската опрема поставено е и ново осветлување. За оваа намена се потрошени околу 1,9 милиони денари, а за набавката на клупи и друга опрема предвидено е да се потрошат уште еден милион денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски