И покрај врнежите што ја зафатија земјава, водостоите на повеќето реки се под или околу јунскиот просек.
Според денешните хидролошоки мерења, нивоата на Вардар кај Велес, Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка и Дрим кај Ложани се преполовени, додека нивото на Сатеска кај Ботун е три пати пониско од просекот.
Надојдена е само Бабуна.
Состојбата кај езерата е непроменета.