РЕК „Битола“: Нема зголемување на загадувањето, мерењата се за различни периоди

Од:

Податоците на мерните станици за следење на загадувањето во Битола, во континуитет покажуваат концентрации на сулфур диоксид стотина пати пониски од пропишаниот праг. Врз количеството на емисиите влијае бројот на работни часови на РЕК „Битола“ , а во 2019 година трите блока на РЕК „Битола“ работеа речиси секојдневно во текот на дванаесетте месеци.

Ова го посочува АД ЕСМ, Подружница РЕК „Битола“ во реакција на вчера објавените податоци во извештајот на мрежата Бенквоч според кои емисиите на прашина во термоелектраната се 2,5 пати повисоки од дозволеното, но најголем проблем стануваат емисиите на сулфур диоксид, кои се дуплирани за само една година, од 52.823 тони во 2018 година во 105.431 тони во 2019 година.

-Разликата во податоците од мерењата на емисиите помеѓу 2018 и 2019 година се јавува запоради повеќе фактори. Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Согласно обврските од дозволата за усогласување со Оперативниот план за заштита на животната средина, АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“ се во постапка за набавка на опрема за континуирано следење на емисиите и истата се очекува да биде инсталирана до септември годинава. Напоменуваме дека обврските за заштита на животната средина, содржани во Оперативниот план ги презеде актуелното раковдство на АД ЕСМ и РЕК „Битола“ , иако постапката беше започната уште во 2007 година. Ние имаме искрена намера обврските за заштита на животната средина да ги ставиме во институционална рамка и новиот и ревидиран Оперативен план го подготвивме во декември 2019 година. Но, АД ЕСМ и РЕК „Битола“ не се сами во постапката. Свој придонес мора да дадат сите, вклучувајќи го и Министерството за животна средина, се вели во реакцијата.

Зголеменото производство на електрична струја, се додава, секако подразбира и зголемени емисии.

-Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога термоелектраната „Битола“ работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Реалните податоци, пак, за емисиите подразбираат волја на менаџерскиот тим на АД ЕСМ и РЕК „Битола“ отворено да ги согледаат проблемите и да најдат соодветни решенија за истите. Оттаму, не станува збор за „дуплирање” на емисиите, туку за промена на начинот на нивното мерење, како и динамиката на работење на термоелектраната „Битола“, се нагласува во реакцијата.

АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“ ги поздравува напорите на сите организации и поединци во, како што велат, справувањето со еден од најгорливите проблеми во нашата земја – загадувањето на животна средина.

-Нашиот однос кон овој проблем изминатите три години беше отворен, инклузивен, искрен и транспарентен. На овие квалитети, непознати во минатото, се должат и податоците објавени во Извештајот на мрежата Бенквоч, порачуваат од АД ЕСМ и Подружница РЕК „Битола“ .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Министерката за енергетика очекува стабилна грејна сезона

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и ДУИ местела милионски тендери во РЕК Битола преку нивна омилена компанија, неспособноста завршува со нив

Предраг Петровиќ

СДСМ: РЕК Битола не работи, Божиновска и ДПМНЕ се неспособни да менаџираат со енергетскиот систем

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ