Реисот на ИВЗ го демантира Ангелов: Без осуда за скандирањето, туку со пофални зборови за УЧК

Од:

Исламската верска заедница не го осудила скандирањето на „УЧК, УЧК“, како што тврдеше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави ресиот Шаќир Фетаи. Реисот во неговото јавно обраќање тврди дека УЧК односно ОНА е национална и историска вредност, која не може да биде тема на разговорот со Ангелов.

Соопштението кое вчера ЦУК го испрати до медиумите

Ваквиот став на ИВЗ е спротивен од оној на ЦУК, за кој испратија соопштение објаснувајќи дека на средбата со реисот имало „заедничкото осудување на радикализмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и ‘Голема Албанија’“. Од ИВЗ велат дека УЧК односно ОНА е вредност која го сменила политичкиот и правен статус на Албанците. Тие се категорични дека осудуваат само тенденции да се ограничи правото на протест или протестот да се употреби за провоцирање.

„Нагласуваме за јавноста дека националните и историските вредности, како што се оние на ОНА – Ослободителна Народна Армија – или други организации, не биле, и не можат да бидат тема на разговорот на оваа средба. Обидот да се земе дел од оваа средба надвор од контекст е пристрасно и злонамерно. Ова што го зборуваме го потврдува дистанцирањето на директорот на Центарот за управување со кризи во синоќешните вести на ТВ Сител и во неговиот личен профил на Фејсбук. Секако дека е непобитен факт дека ОНА е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мировен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ. Треба да се осуди секоја тенденција да овие права се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации“, стои во обраќањето на реисот Шаќир Фетаи.

Реакцијата на ИВЗ по соопштението на ЦУК

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во неговиот статус на „Фејсбук“ не го објавил и делот испратен до медиумите во кој се тврдеше дека заедно со ИВЗ го осудиле скандирањето „УЧК, УЧК“ и „Голема Албанија“. Тој во статусот напишал само дека го осудиле радикализмот и екстремизмот, наспроти соопштението каде пишува “Заедничка осуда на скандирањето „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било протест“

Фејсбук статусот на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Притоа, искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Аангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат: … Заедничкото осудување на радикаизмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК“ и „Голема Албанија“ на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза“, стои во вчерашното соопштение на ЦУК.

По обраќањето на реисот Шаќир Фетаи, молк од ЦУК и Стојанче Ангелов.

Би можело да ве интересира

Македонец доживеал мозочен удар во Унгарија, денеска е префрлен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Катерина Ѓуровски

Запалени две диви депонии во тетовско

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Општина Дебар бара од ЦУК да помогне во гаснење на два пожара од воздух

ЦУК: Пронајдени изгубените велосипедисти на Беласица