Рехабилитација на ски центарот Пониква

Од:

Општина Кочани на последната седница на Советот на општината донесе одлука за сопствено учество во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква“, кој ќе биде аплициран во партнерство на општините Кочани и Пробиштип.

– Со одлуката која ја донесовме на последната седница на Советот, се дава согласност на општина Кочани да учествува во проектот „Рехабилитација на ски-центар Пониква” со кофинансирање во износ од 5 проценти од вкупната одобрена вредност на под-грантот. Овој проект ќе биде аплициран од страна на општина Кочани во партнерство со општина Пробиштип до Проектот за локална и регионална конкурентност за добивање на средства од Повикот за изразување на интерес – Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP-1/17, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Средствата потребни за реализација на проектот, истакнува Димитровски, ќе бидат обезбедени од буџетот на општина Кочани.

Инаку финансирањето на заеднички прокети на општините Кочани и Пробиштип се реализира неколку години наназад, се со цел Пониква и Осоговските планини да станат достапна туристичка дестинација во текот на целата календарска година.

Би можело да ве интересира

Спасени лица кои со возило заглавиле во снег кај Пониква

А1он

Четири лица потешко повредени во сообраќајка на Пониква

Горан Наумовски

Полицијата утре ќе вежба накај Пониква, регионалниот пат кон Кочани ќе биде затворен

Жарко Настоски

Несовесни граѓани со автомобили оштетиле ски-патека на Пониква

Ана Ололовска

Милевски: По 40 години Пониква добива реконструирани ски лифтови

Ана Ололовска

Меѓународна планинарска тура „Дојди на Пониква, запознај го регионот“

Ана Ололовска