А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Регистрирани отстапувања на квалитетот на водата во кумановските села

by А1он07/08/2017 - 12:2398
Share0

Отстапувања во однос на квалитетот на водата за пиење во однос на бактериолошкиот состав во водоснабдителните системи во руралните средини од Куманово, покажуваат резултатите од испитувањата што ги спроведувааат надлежните екипи од кумановскиот Центар за јавно здравје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од проверени 420 примероци вода, кај 41 е докажано присуство на бактеријата ешерихија коли. Според специјалистот за хигиена од Центарот за јавно здравје, епидемиолог Мимоза Величковска, отстапувања во однос на бактериолошкиот квалитет се јавуваат од причина што во ниту еден водоснабдителен објект, во ниту еден водовод во руралната средина не постои дезинфекција на водата за пиење.

– За разлика од водата во градскиот водовод, каде што е крајно безбедна бидејќи секогаш се врши пречистување и дезинфекција, во руралната средина се соочуваме со проблемот со отсуство на дезинфекција на водата. Со водоводите во овие средини не управува комунално претпријатие, туку обично е задолжено лице од месната заедница, кое исто така, е корисник на таа вода и тоа се сведува, пред се, на техничко одржување, изјави Величковска.

Според Величковска, бактеријата ешерихија коли обично се јавува како последица на нередовно чистење на резервоарите, непостоење на заштитни водоводни зони, како и пристап на диви животни. Квалитетот и безбедноста на водата за пиење во руралната средина во Куманово, но и во Старо Нагоричане, Липково, Ранковце и Крива Паланка се следи според годишната програма на Центарот за јавно здравје. Согласно програмата, се следи водоснабдувањето во руралните средини од локалните селски водоводи и од јавните чешми, онаму каде не постојат водоводи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од Центарот за јавно здравје посточија дека од Североистичниот плански регион од руралните средини единствено во општините Ранковце и Крива Паланка одржувањето на водоводите е на професионално ниво, бидејќи за нив се грижи јавно комунално претпријатие, и таму оваа година се уште не регистирале бактериолошки неисправен примерок.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ22/05/2026 - 15:1022/05/2026 - 16:39

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он16/05/2026 - 16:1516/05/2026 - 16:10

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски30/04/2026 - 16:0230/04/2026 - 16:03

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски01/04/2026 - 09:5401/04/2026 - 09:55

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:15

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он22/03/2026 - 13:3022/03/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто