Регистриран и шестти затруен од храната доставена во Пивара

Од:

По труењето со храна, инспекција во Пивара ја затворила мензата, а затворена е за работа и кујната на доставувачот „Парти Сервис“.

Eвидентиран и шести случај на труење, а неофицијално исти симптоми се јавиле и кај десет гости кои биле од соседна земја, кои конзумирале од храната во мензата на Пивара.

Според извори на „А1он“ се чекаат резултатите од земените мостри во кујната на доставувачот на храната, а дотогаш е затворена за работа.

По добиеното известување од Центарот за јавно здравје дека неколку работници во скопска фабрика за производство на пиво и сокови се затруле со храна, инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје извршија вонредна инспекциска контрола во мензата.

Причините за труењето ќе бидат утврдени со лабораториско испитување на земените мостри храна и брисевите, а резултатите од анализите ќе бидат познати за неколку дена.

Би можело да ве интересира

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on