Регионот „Охрид – Преспа“ в понеделник и официјално ќе биде прогласен за Прекуграничен биосферен резерват на УНЕСКО

Од:

Во Албанскиот град Корча задутре на свечен начин регионот „Охрид – Преспа“ ќе биде инаугуруран за Прекуграничен биосферен резерват заштитен од УНЕСКО.

Во присуство на високи владини преставници, на парламентите на двете држави, на општините што гравират во регионот Охрид – Преспа, на ЕУ и на дипломатскиот кор, преставниците на Националните комисии на УНЕСКО ќе го предадат Сертификатот за прогласување на Прекуграничниот резерват на преставниците на Билатералниот Комитет и Секретаријат кои беа носители на активноста.

Предвидено е на церемонијата на прогласувањето свои обраќања да имаат заменик-премиерот на Република Албанија, министрите за животна средина на Македонија и Албанија и преставници на мисиите на Обединетите Нации и УНЕСКО.

Паралелно со настанот на главната улица во Корча ќе се одвива презентација на производи од Биосферниот резерват а штандови ќе имаат и Националните паркови од Македонија, производители на земјоделски производи и на вино , како дел од активностите предвидени за поддршка на туристичката промоција и значење на Биосферниот резерват.

Би можело да ве интересира

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање