А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионален форум „Рудници: Да или не?“ во Струмица

by А1он05/12/2017 - 16:21193
Share0

Во Струмица се одржува регионален форум со наслов „Рудници: Да или не?“ во организација на Цивика Мобилитас. Претседателот на Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора, Николајчо Николов смета дека на Македонија ѝ недостигна долгорочна стратегија за развој на рударството, која ќе донесе до затворање на некои актуелни прашања.

Добивај вести на вибер

– Јас доаѓам од рудникот Бучим. Тоа не е рудник на смртта, туку рудник на животот. Од него се живеат 700 работници и нивните семејства. За да се определи државата дали е за нови или рудници воопшто треба дебата на многу стручно ниво и тогаш да се оцени дали и каде во Македонија треба да со отворат нови рудници. Секако не може да бидеме генерално против рудници, туку треба да се размисли дали на некои места е целисходно да се отвора рудник, особено ако станува збор за земјоделски краеви кои остваруваат значителни приходи од оваа дејност, рече Николов.

Според пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, Владата може слободно да го затврои рудникот „Казандол“ кај Валандово поради непочитување на обврски од договорот.

– Нашата правна комисија и комисијата за животна средина направија детална анализа на договорот кој го прибавивме од активисти на иницијативата „Спас за Валандово“ прибавена преку Законот за слободен пристап на информации и таму јасно се гледа дека рудникот „Казандол“ треба да се затвори под итно. Зошто? По многу основи, зошто концесионерот не исполнил редица услови од таа концесија, но пред се по една, концесионерот е далеку од завршување на градежната фаза. Досега требаше да биде завршена и рудникот да работи. Значи Владата може спокојно да го раскине договорот со концесионерот на „Казандол“ и не само што нема да плати пенали, туку тој треба да плати пенали на државата поради штетите, рече Поповска.

Перо Костадинов, новиот градоначалник на Валандово кажа дека останува на ставот против работа на рудникот „Казандол“, додека од иницијативата „Спас за Валандово“ најавија одржување на протестен марш.

– В петок на 8 декември ние ќе тргнеме од центарот на Валандово кон рудникот „Казандол“ за да го искажеме уште еднаш нашиот став. Потоа ќе ги испратиме нашите барања до Владата и ресорните министерства за итно запирање на работите на рудникот „Казандол“, рече активистот Роберт Марков.

rudnicistrumica

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Горан Наумовски04/12/2025 - 15:05

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски28/11/2025 - 11:4628/11/2025 - 13:31

Растат цените на бакарот – нов глобален бум во рударството

Предраг Петровиќ27/10/2025 - 10:3027/10/2025 - 12:09

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Горан Наумовски16/10/2025 - 21:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен