Референдумот ќе го следат 11.907 домашни и 493 странски набљудувачи

Од:

Рекорден број домашни и странски набљудувачи ќе бидат на избирачките места во недела на 30 септември за да го следат процесот на изјаснување на граѓаните на Република Македонија за референдумското прашање. Официјалната бројка од ДИК на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.

Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари. ДИК акредитирала 83 новинари од 32 медиума, но, како што информираат оттаму, неколкумина новинари биле одбиени поради тоа што доставиле барање за акредитации по истекот рокот кој заврши на 24 септември на полноќ.

Најмногу набљудувачи акредитирало Здружението за граѓански политики и иницијативи 5.574, потоа Сојузот на Здруженија на граѓани Македонска платформа против сиромаштија 3.736, НОВ МОСТ 1.882, Цивил – Центарот за слобода 307. Здружението Ленка 129, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце 119 набљудувачи, Здружението Национален ромски центар 46, Европско движење за град Скопје 44, Здружението Инклузива 40 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид 30 набљудувачи.

Референдумот во недела ќе го набљудуваат 197 монитори на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, а тие акредитирале и 129 преведувачи.

Меѓународната невладина организација Светски македонски конгрес акредитирала 167 набљудувачи, Амбасадата на САД 35 набљудувачи и 47 преведувачи, Комитетот за отворена демократија тројца набљудувачи, Амбасадата на Албанија шест, исто толку набљудувачи акредитирале амбасадите на Франција и на Унгарија, како и седум преведувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа осум со еден преведувач, амбасадите на Косово и на Турција по четворица набљудувачи, Амбасадата на Велика Британија и Северна Ирска девет, Делегацијата на Европска Унија 20, Републичката изборна комисија на Србија двајца, Холандската амбасада тројца набљудувачи, Амбасадата на Чешка двајца, Амбасадата на Шведска петмина набљудувачи, Канадската амбасада еден, Амбасадата на Германија двајца набљудувачи, како и ДИК на Турција, Амбасадата на Украина еден набљудувач и Меѓународното здружение на човекови права во Македонија четворица набљудувачи.

Од акредитираните странски медиуми најмногу акредитирала Ал Џезаира Балкан 15 новинари, потоа Асошиетед прес 11, ТВ Алфа од Грција тројца новинари, Австрискиот јавен сервис четворица, ТВ Антена исто така тројца, останатите медиуми имаат акредитирано по еден или по двајца новинари.

Рокот за пријавување на набљудувачи и медиуми заврши на 24 септември на полноќ.

На последното изјаснување на граѓаните на Македонија – Локалните избори на 15 октомври лани, беа акредитирани 5011 домашни и 337 странски набљудувачи.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Нема да има референдум, Џафери го одби Мицкоски

Ана Ололовска