Реџепи: ВМРО-ДПМНЕ ја измислува ин витро нацијата Македонци-муслимани

Од:

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи смета дека македонците-муслимани се ин витро нација измислена од сатанските активности на ВМРО ДПМНЕ.

„Постојат Торбеши, а не Македонци-муслимани, кои се ин витро-нација, која ја измислува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како своја сатанска активност за да создадат нација на антички луѓе и да останат на власт!? “, пишува Реџепи во најновиот текст во весникот „Лајм“, под наслов „Раѓањето на ин витро нацијата“.

Според Реџепи, за претопувањето на Торбешите во Македонци-муслимани е ангажирана целата партија, која за тоа дури има и посебен штаб кој работи во рамките на Министерството за финансии.

Тој вели дека кај Торбешите често во посета одат „мисионери вмровци“ со цел да ги убедат да се изјаснуваат поинаку отколку што се чувствуваат. За таа цел, тие нудат работа во администрацијата во замена за нивниот идентитет „Македонци-муслимани“.

„Освен јазикот, кој може да е последица на асимилирачките притисоци, што заедничко би можеле да имаат припадниците на торбешката заедница со славомакедонците или со античките Македонци! Многу малку се на број, дури на прсти можат да се избројат вистински Торбеши, кои би прифатиле да се нарекуваат Македонци. Исто колку што би можело да се најде некој Албанец да се нарекува Арап поради исламската вера, или Грк, Србин, Русин поради христијанството, пишува реисот Реџепи.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски