Реџепи-Јанкулоска: Двајцата осомничени за убиството кај Смиљковско езеро ниту имале, ниту аплицирале за косовско државјанство

Од:

Двајцата осомничени за убиството кај Смиљковското езеро кои се приведени од страна на косовската полиција ниту имале, ниту аплицирале за добивање косовско државјанство, истакнал министерот за внатрешни работи на Република Косово, Бајрам Реџепи на синоќешната билатерална средба со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на маргините од Конференција на министрите за внатрешни работи на „Брдо Процесот“, што се одржува во Брдо кај Крањ-Република Словенија.

На средбата, соопшти денеска МВР, Реџепи нагласил дека косовските власти ќе ги почитуваат сите меѓународни норми во ваквите случаи.

Министрите Јанкулоска и Реџепи  разговарале и за други прашања од билатерален интерес, а во насока на продлабочување на заедничката соработка која оди во нагорна линија, при што, меѓу другото се зборувало и за потребата за отворање нов граничен премин меѓу двете држави, Станчиќ-Белановце.

Исто така, министерката Јанкулоска вчера имаше средба и со нејзиниот словенечки колега Грегор Вирант на која што од словенечка страна уште еднаш беше нагласена силната поддршка што Словенија и ја дава на Република Македонија на патот кон целосно интегрирање во евро-атланските структури. Од словенечка страна било иницирано и потпишување нов договор за полициска соработка што треба да претставува натамошно интензивирање на досегашната извонредна соработка меѓу двете институции.

Министерката Јанкулоска денеска се сретна со министерот за внатрешни работи на Република Хрватска Ранко Остојиќ при што беше потпишан Протоколот за соработка во претстојната туристичка сезона при што наши полицајци ќе бидат испратени во Сплитско-далматинската жупанија.

На денешната сесија на Конференцијата министерката Јанкулоска имаше обраќање посветено на визната либерализација.

– Визната либерализација за Република Македонија претставува еден од позначајните системски зафати чие успешно реализирање не само што е директен бенефит за нашите граѓани, туку и конкретна контрибуција на нашиот пат кон целосна интеграција во европското семејство, што, бездруго, претставува врвен национален приоритет за Република Македонија, рече Јанкулоска.

Таа потенцираше дека Владата на Република Македонија презеде низа практични мерки и тоа во повеќе насоки – превентивно-едукативни, легислативни, па и репресевни, а се со цел коренито елиминирање на злоупотребата на визната либерализација, односно спречување на неоснованите барања за азил поднесени од страна на македонските државјани во земјите членки на ЕУ/Шенген зоната, презентирајќи притоа дел од конкретните активности и резултати во таа насока.

Напоредно со ова во рамки на министерската конференција во Брдо, Јанкулоска учествуваше и на деветиот состанок на Комитетот за полициска соработка на земјите од ЈИЕ кој годинава се одржува под претседателство на Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски